Народната библиотека Гоце Делчев се наоѓа во
центарот на градот. Зградта е изградена од некој сиромав, но способен
мајстор во градот во 1912 година по нарачка на некој Турчин. Се
претпоставува дека мајсторот од Дебар бил баран и од други стари
чорбаџии, така што до ден денешен Гевгелија ја красат конаци изградени
од негова рака (Сеизов конак, Андреев конак...)
|
 |
Библиотеката во Гевгелија е формирана 1945 година со
почетен фонд од 500 книги. Денес таа располага со над 70000 книги, со
1000 томови весници и списанија, околу 400 ретки книги и 200 наслови од
роднокрајни автори. Тука се наоѓа и еден од оригиналите на книгата
Огледало од Кирил Пејчиновиќ отпечатена 1816 година во Будим. |
|
|
Владовиот конак е изграден 1906 година, а од 1992
година е пренаменет во Народен музеј. Во него се сместени повеќе
одделенија од прaисторијата, античкиот период, но и етнолошка и
историска збиркa . Огромен број раритети кои потекнуваат од 8 до 4 век
пред нашата ера, се најдени на локалитетите: Сува Река, Милци, Бишов
Јавор и Парагон, а денес дел од нив нашле свое место во депоата на
музејот во Гевгелија. |
|
|
 |
Предметите што се пронајдени зборуваат за
цивилизацијата која го достигнала врвот во материјалната и духовната
култура. Во посебни магацински простории се откриени огромни питоси за
жито, вино или масло, мегарскa чашa со симбол на македонскиот штит,
сребрените монети со ликот на Александар Македонски, како и аморфи за
вино, садови за миризливи масла, теркотни масла и други раритети од
класичниот и предримски период. |
 |
|
Во тој временски период, реката Вардар иако пловна,
не можела да го задоволи транспортот на стоки, па во 1873 година доаѓа
до изградба на железничката линија Солун-Скопје. |
|
На влезот од Гевгелија, на десната страна од реката
Вардар се наоѓа Вардарски Рид. Тука се направени археолошки ископувања
за откривање на античкi градби од V век п.н.е. за која се уште не се
знае дали се работи за античка Атaланта или Гортинија.
На почетокот на 18-от век, од Божиќ до Водици, во центарот на Гевгелија
се собирале русалиските дружини, кои по звуците на тапанот и зурлите го
изведувале традиционалното русалиско оро. Одбрани момчиња, на возраст од
20-40 години, облечени во русалиска облека низ игра го демонстрирале
своето витештво.
Русалиското оро се уште се игра во Гевгелија
благодарејќи на момчињата од фолклорната група КУД Јосиф Јосифовски,
која е формирана 1970 година. Фолклорната група работи и твори повеќе од
30 години и има одржано повеќе од 1500 концерти во земјата и странство.
Добитник е на многу меѓународни награди и признанија како и на наградата
7 Ноември на градот Гевгелија. Ова фолклорна група го развива,
унапредува и презентира македонскиот фолклор и обичај изразен во
народните носии и песни кои го одразуваат историското минато и богато
културно наследство и традиции на македонскиот народ.
Првите театарски претстави во Гевгелија биле одржани во 1908 година, а
четириесет години подоцна градот добива репрезентативна зграда на
народниот театар.
|
|
|
 |
Во Гевгелија секоја година се одржуваат повеќе
културни манифестации, како што се Априлијадата за Денот на шегата,
Интернационалниот музички фестивал Калинка, Гевгелиското културно лето
ТРБА ТРБИ. |
 |
|
Ликовното творештво, од година во година се збогатува
со меѓународната Графичка колонија Гевгелија и меѓународната ликовна
колонија Дојрана.
Целта на ликовната колонија Дојрана е да ги зближи уметниците од светот
под медитеранското сонце на гевгелиското поднебје и преку своите слики
да ја облагодарат сета питомост на овој крај. |
 |
|
 |
Покрај богатата културна традиција, Гевгелија ја
негува и спортската, преку унапредување на популарните спортови, но и
омасовување на физичката култура. Спортската сала во Гевгелија, е
пријатен и модерно опремен простор за спортување. |
|
Во непосредна близина на центарот на градот се наоѓа
фудбалското игралиште на ФК Кожуф. |
|
Негорски бањи претставуваат еден од најважните туристичко-рекреативни
центри, не само поради лековитоста на водата туку и шумата која ги
опколува бањите и нуди предизвик за подготовки на спортските екипи од
земјата и странство.
|
|
 |
Традиционално, секоја година, на патеката Милци се одржуваат
мото-кросови и се организираат шампионати од европски рамки.
|
 |
|