Image

         
 


Тешко е да се поверува, но Теккен серијалот е игра која се игра повеќе од една декада. Теккен прерасна
во една незаборавна борбена-3д тепачка. PlayStation, и поновата верзија PlayStation 2 со Теккен серијалот
ја прегазија конкуренцијата која ни приближно не може да им се доближи.
Но дизајнерите на Теккен не застанаа тука.
Тие продолжија со Теккен 5, со кој донесоа повеќе акција, поголема реалност и поостри борачи.

Тимот дизајнери на Теккен 5 разви движења кои никогаш досега не беа видени, ни во Теккен 4,
ни во друга игра од ваков тип. Досега во Теккен 4 немаше можност за борба на нерамни подови, пустински
предели, и борби во река, но денес новиот Теккен 5 ќе ви го овожможи и ова мало но слатко задоволство.
Некои арени имаат ѕидови од кои ќе може да се одбивате и да им зададете силни оштетувања на вашите противници.

Накратко, Теккен 5 не направи ревулуција во неговиот серијал, но сепак донесе некои
новини кои значително ќе го зголемат времето на играње.

Доколку Теккен 5 наликуваше на првиот негов претходник, неуспехот ќе беше неизбежен.
Но денешната петка може да се пофали со најдобрите 3д или 2д борби,
кои имаат извонредни движења, кои и почетниците може да ги изведуваат и да уживаат во нив.
А поискусните фајтери ќе ги продлабочуваат своите техники
и ќе ја зголемуваат нивната ефикасност.

Сингл модот на Теккен 5 има цела приказна која нема да ја ви откриеме во целост. На почетокот на сингл – модот
започнува видео, кое ќе ви овозможи полесно да ја осознаете целта и мотивот на секој борач.
Некои играчи немаат своја приказна, но тие имаат примамлив дијалог пред секоја борба.
Теккен 5 донесува нови борачи, но и старите се подобрени и доусовршени. Вие имате можност
да си поиграте со нивниот изглед
. Некои од ликовите може да ги направите како близнаци, со едноставно
менување на бојата на облеката и тенот. Може да одберете дополнителни додатоци како на пример,
очила за сонце, ланци, пирсови, или кошница со риби за кунг-фу учителот. Некои ликови имаат
единствени модификации, некои имаат можност да докупат оригинални додатоци, а други
може да ја заменат целата нивна опрема.

Аркадниот мод исто така е многу игрив. Доколку играте на петто ниво кое воедно е и
највисоко може да ја осетите реалната вештачка интелигенција, која расте со секое наредно ниво.
Така, нема да може да го зезнете вашиот противник со една иста финта 2 пати и лесно
да ги поминете сите 30 арени
.
Сигурен сум дека се прашувате со кои карактери ќе може да играте и како тие изгледаат.
Карактерите во Теккен 5 претставуваат одличен микс од старите и омилени херои и некои нови кои не сте ги виделе до сега.
Стандардните преставници, како Kazuya, Paul, Law, Yoshimitsu, King, и Nina се присутни,
а ним им се придружуваат ликови како Bryan, Lei, Hwoarang, Bruce, Baek, Anna, Lee, и Xiaoyu.
Новите ликови од Теккен 4 : Steve, Marduk, и Christie се повторно во игра заедно со уште
три нови карактери. А тие се:
Raven кој е комбинација од Весли Снајпс и Сајмон Феникс.
Овој лик изобилува со моќни потези и телепортации.
Asuka е ученичка која е припадник на казама кланот. Сите свои боречки вештини
ги има научено од нејзината братучетка Jin која е казаа мастер. Па затоа нивните стилови
многу наликуваат еден на друг, но сепак не се исти.
Feng е лошиот кенпо учител кој има примамлива животна приказна. Неговите движена се брзи и моќни.
Новите ликови изобилуваат со многу нови движења но сепак нема некои кои ќе ги видите во анимациите.

Дизајнерите од Намко, целосно го изменија енџинот на оваа игра. Доколку играте со новите ликови,
во целост ќе ја согледате разликата на Теккен 5 од неговите претходници. Целата приказна на играта е
напишана од тројца холивудски сценаристи, така секој лик има свое сценарио, кое придонесува
играта да биде изиграна со сите ликови, покрај тоа што е навистина тешка.
Борачите во Теккен 5 удираат навистина тешко. Тоа е еден од главните фактори кои придонесуваат
оваа игра да изгледа фантастично. Филмовите изгледааат толку добро што вие ќе почувствувате
вистинска болка. Ова е нешто што им недостасува на повеќето фајтерски игри, но сега, со гледање на секој нов клип во
Теккен 5 секоја коска во вашето тело убаво ќе бидат протресена.
Победничкиот дел е фасцинирачки извизуелизиран, но сепак не може да се спореди со моментот
кога ќе биде разрешен вашиот противник. Не можам да ви го опишам овој момент, бидејќи е навистина единствен.
Карактерите се движат течно, а брзите движења се реални и се премногу кул, иако, некои потсетуваат на
претходниците на Теккен 5.
Саунд-тракот на Теккен 5 како и обично, има многу електронска музика која ја надополнува
акцијата во самата игра. Сите траки се оригинални и не се слушнати досега, но при подолго
играње може да се почувствува момент на досада. Секоја трака е соодветна за одредена група на борбени
арени, што го подобрува мислењето за оваа игра. Исто така и говорот во Теккен 5 е убаво измоделиран, и
дава поубава претстава за карактерот на ликовите.
Говорот на пандата ќе украде некоја насмевка иако нема во целост да ја разберете што сака да ви каже,
а кога ќе го слушнете секси гласот на Kuma ќе посакате да имате повеќе борби со неа.
Но, почекајте да ги видите и слушнете Mokujin и кенгурот Roger со неговото малечко
кое секогаш го носи со себе.

                                                                                                         Следна ->