Добар трговец не е оној кој ја има најдобрата роба или најниски цени. Добар трговец е оној

кој успева да го продаде тоа што го има. Добар трговец е оној кој од година во година

успева да ве увери дека вас нешто ви треба, а всушност не ви треба.

ДАМИ И ГОСПОДА, ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ELECTRONIC ARTS!

 

За повеќе информации кликни тука

 

Image

 



Една од најдобрите игри за Сони плеј стејшн, играта која моментално може да се пофали со најдобрите критики за графика, звук и игривост. Сигурно погодувате за која игра ви зборуваме, тоа е 3D фајт симулацијата: Текен 5
.

 

За повеќе информации кликни тука

 

 

Не се случува баш често да го пофалиме продолжението на некоја игра, а уште помалку некој expansion pack. Таквите производи најчесто ги осудуваме како обид на производителите да заработат уште по некој долар во стара слава. Но United Offensive ни покажа дека и еден expansion pack може и да го престигне оригиналот.

 

За повеќе информации кликни тука

 

 

Ако сте љубители на игрите кои се играат во прво лице, сигурно до сега ја имате растурено Доом 3. И покрај тоа вашата желба за докажување на ова поле не завршува тука, потребата од дополнителна возбуда расте пропорционално со времето потрошено на неа.

За повеќе информации кликни тука