|
|
![]()
AMD со
нејзината единствена конкурентска компанија Intel , веќе подолго време се
натпреваруваат кој ќе произведе подобар процесор. Порај процесорите за
desktop и mobile системите, на ред дојдоа и процесорите на менети за
серверските системи. Значи од старт знаеме дека Opteron е процесор наменет
за серверите иако, слободно може да се користи во deskt о p конфигурации. Во
маркетинг кампањите Opteron -от е најавуван како процесор кој ќе ги надмине
серверските изведби од Intel меѓу кои се Itanium- от и Xeon -от. Најновите
процесори од оваа серија кои носат наставка 50 немаат некое позначително
подобрување, во однос на постарите модели, освен работниот такт кој е
подигнат за 200 MHz и сега изесува 2.4 GHz . Како и кај другите процесори
произведени од AMD , главниот адут на Opteron -от е Hyper Transport
технологијата и интегрираниот Dual-Channel мемориски контролер во јадрото на
процесорот. Практично со помош на овие две технологии процесорот многу
ефикасно комуницира со останатите компоненти, а особено со работната
меморија. Како поддршка за брзиот проток на битовите од процесорот до било
кој друг уред е исто така интегрираниот L2 Cache кој сега изнесува 1
мегабајт. |
|