|
Сонцето е највпечатливоит објект во Сончевиот Систем. Како најголем објект, тој содржи околу 98% од вкупната маса на системот. Сто и девет Земји би можеле да се наредат долж дијаметарот на сончевиот диск, а внатрешноста би собрала 1,3 милиони Земји. Сончевиот надворешен видлив слој е наречен фотосфера и има температура од 6000°С. Овој слој е шарен заради турбулентните ерупции на енергија на површината.
Сончевата енергија се создава длабоко во јадрото на Сонцето. Тука заради огромните температури (15.000.000°С) и притисоци (340 милијарди пати поголем од воздушниот притисок на морско ниво на Земјата) започнуваат нуклеарните реакции.
|
ИНТЕРЕСНО |
|
Сонцето веројатно е активно веќе 4,6 милијарди години, а има доволно
гориво за уште околу 5 милијарди... Сонцето ќе порасне толку многу што Земјата би била "проголтана", односно ќе се најде во неговата внатрешност... |
Оваа реакција предизвикува четири протони (односно јадра на водород (Н) да се фузираат и да создадат една алфа честичка (односно јадро на хелиум (Не)). Алфа честичката е околу 0.7% полесна од четирите протони. Разликата во маса се претворила во енергија која се пренесува кон површината на Сонцето, преку процес наречен конвекција, кадешто се ослободува како светлина и топлина. На енергијата создадена во јадрото на Сонцето и се потребни милион години да стигне до површината. Секоја секунда 700 милиони тони водород се претвораат во хелиумов "пепел". Во процесот се ослободува 5 милиони тони чиста енергија, затоа како одминува времето Сонцето станува се полесно и полесно.
|
Хромосферата се наоѓа над фотосферата. Сончевата енергија поминува преку овој регион на нејзиниот пат од центарот на Сонцето. Факулите и огновите настануваат во хромосферата. Факулите се светли луминисцентни облаци од водород кои се формираат над областите каде наскоро ќе се формираат сончеви пеги. Огновите се светли влакнести структури од жежок гас кој извира од регионот со сончеви пеги. Сончеви пеги се темни депресии на фотосферата со типична температура од 4000°С.
Короната е надворешниот дел од сончевата атмосфера. Тоа е регионот каде се јавуваат проминисценции. Проминисценции се огомни облаци од усвитен гас кој еруптира од горниот дел на хромосферата. Надворешниот дел на короната се протега длабоко во вселената и се состои од честички кои бавно се оддалечуваат од Сонцето. Короната може единствено да се види за време на целосното затемнување на Сонцето.
Сонцето веројатно е активно веќе 4,6 милијарди години, а има доволно гориво за уште околу 5 милијарди. На крајот од својот живот, Сонцето ке започне да фузира хелиум во потешки елементи (намногу до железо) и ќе почне да расте. Ќе порасне толку многу што Земјата би била "проголтана", односно ќе се најде во внатрешноста на Cонцето. По милијарда години како црвен џин, ненадејно ќе колабира во бело џуџе - епилогот на ѕвездите како нашата. За да се излади целосно би му биле потребни околу илјада милијарди години.
Податоци за Сонцето:
* зависи од оддалеченоста од половите. На половите ротацијата е најбрза (25 дена), а на екваторот најбавна (36)
Хемиски состав: