Градот Скопје претставува вистинскa ризница на споменици од најстаро време до денешни дни.

 

 

 
           
  Стариот скопски водовод – Аквадукт        
  Аквадуктот :         На 2 км. северо – западно од Скопје се наоѓа аквадуктот, изграден од камени и ѕидани тули со 55 лакови поставени на масивни носачи. За тоа од кога датира, меѓу научниците постојат различни мислења. Според некои, аквадуктот е изграден во римското време, а други научници веруваат дека тој претставува некаква византиска градба. Но, најверојатно е дека аквадуктот датира од турскиот период, поточно од  XVI век.  Тој се користел за спроведување вода за пиење со посебен систем од планината Скопска Црна Гора. Во поранешна Југославија имало само 3 аквадукти, еден во Македонија и два во Црна Гора.      
           
   

             Камениот мост

     
 

Камени мост: Според некои податоци е изграден во VI век, додека во неговата сегашна форма бил подигнат над старите темели за времето на владеењето на султанот Мурат II, во првата половина на XV век. Бил изграден од добро обработени камени блокови и има 12 полукружни сводови. Оваа монументална градба има претрпено повеќе измени низ вековите, но денес мостот ја има задржано оригиналната форма и изглед.

     
           
 

Саат кула

       
 

Саат кула: Оваа градба се наоѓа на улицата "Крсте Петков Мисирков", на рид позади универзитетот "Свети Кирил и Методиј". Тоа е турски објект, изграден  источно од најпознатиот и најстар пазар во Скопје - Битпазар. Стои во оградениот дел на Султан Муратовата џамија. Има хексагонална основа и различен покрив, кој личи на бројни латерални куполи од московски стил од руската средновековна архитектура. Саат кулата била изградена помеѓу 1566 – 1572 година, најверојатно на основата од веќе постоечка градба. Во почетокот, горниот дел од кулата бил од дрво и и механизамот за саатот бил донесен од Унгарија. Многу патници ја спомнуваат Кулата во нивните патувања, како голема и важна градба во Скопје, додавајќи дека нејзиниот звук може да се слушне на далечина од неколку километри. После големиот пожар во 1689 Кулата била сериозно оштетена и морале де бидат извршени поправки. Во 1902/1903 година нов покрив (направен од цигли донесени од Солун ) го заменил стариот дрвен покрив од саатот, за време на владеењето на Али – Хивза Паша. Исто така, механизмот од сатот бил заменет со нов, овој пат донесен од Швајцарија. За време на земјотресот саат кулата била сериозно оштетена, а механизмот бил украден и не бил заменет со нов.

     
           
   

Даут Пашин Амам

     
 

Даут Пашин Амам: Овој објект е еден од најистакнатите споменици од Исламската профана архитектура. Турскиот амам е изграден од големиот везир од Румелија, Даут Паша во XV век. Во прво време бил користен за потребите на неговиот харем, а подоцна служел како јавна бања. Денес турскиот амам е претворен во ликовна галерија со широк избор од македонски икони од  XIV – XIX век, заеднички трудови од македонски уметници – слики, скулптури, цртежи и др. Исто така, во просториите во турскиот амам се одржуваат концети, промоции на книги, театарски претстави  и други културни настани.

     
           
 

Црква “Св. Спас“

       
 

Црква Свети Спас: Изградена е во почетокот на XVII или XVIII век над  темелите на некоја стара црква. Дел од иконостасот од јужната страна бил земен од постарата црква, чиешто потекло е од XVI век. Наспроти скромната надворешност на црквата, откога некој ќе влезе внатре останува вчудоневиден од убавината на иконостасот од источната страна. Во XIV век иконостасот од црквата, изрезбан во оревово дрво е комбиниран со изобилство од растителни и животински мотиви, со фигури од светици. Реалистичните резби се дело на умешни резбари од дебарската околина. Иконостасот е висок 6 и долг 10 метри. На овој простор тие успеале да прикажат сцени од Библијата, важни геометриски орнаменти и елементи од флората и фауната. Иконостасот од оваа црква е еден од најубавите примероци на традиционалното дрворезбарство, што може да се најде на територијата на Република Македонија, заедно со иконостасот од манастирот Св. Јован Бигорски.

Гоце Делчев, добро познатиот македонски револуционер е закопан в дворот на оваа црква.

     
           
   

Манастир “Св. Пантелејмон“

     
 

Манастир Свети Пантелејмон: На јужните падини на Водно, во костенова шума, на 8 километри од скопското село Горно Нерези, се наоѓа еден од најважните и најстарите споменици од средновековниот период – манастирот Нерези посветен на Св. Пантелејмон. Црквата била изградена во 1164, за време на византиското владеење во Македонија. Фреските датираат од времето на реконструкција на црквата, но има и други од XV, XVI и XIX век. Тие претставуваат дел од најзначајните примероци во Македонија. Важна епоха во историјата на оваа црква бил периодот од 1922 – 1926 година, кога рускиот професор Никола Окуниев успеал  во еден дел од црквата да открие фреска стара 12 векови. Фреските во св. Пантелејмон заземаат важно место не само во средновековната уметност, туку и во византиското сликарство. Уметникот од Нерези, користејќи ја својата виртуозност  во цртање и богатството од бои, нацртал цела галерија на светци и фигури. Некои од овие фрески успеале да одолеат на забот на времето и сеуше го красат овој манастир.

     
           
 

Куршумли Ан

       
 

Куршумли Ан: Овој Ан се споменува дека е изграден во чест на Мула Муследин Хоџа. Импресивно и прекрасно дело, декоративно изградени ѕидови, бројни куполи во форма на пирамида, кое плени со својата монументалност. Дворот од Куршумли ан за време на летниот период се користи за организирање културни манифестации: драмски претстави, концерти, литературни читања...

     
           
   

Џамијата на Мустафа Паша

     
 

Џамијата на Мустафа Паша: Во околината на Куршумли Ан, во стариот дел од градот овој споменик на исламската култура привлекува внимание се својата големина и убавина. Џамијата била изградена од Мустафа Паша во 1519 година, везир на султанот Селим I. Посебно атрактивен дел од оваа градба е подигнатото минаре, направено од камен, додека проширениот дел е декориран со орнаменти.

     
           
 

Милениумскиот крст

       
 

Миленимски крст: Од 2000 година, граѓаните на Скопје од секој дел на градот можат да го видат Милениумскиот крст кој симболизира 2000 години христијанство. Изграден е на планината Водно, на 1066 метри надморска височина и со димензии 66 и 20 метри. Тој претставува уникатна градба во целиот свет. Постојат планови во склоп на Крстот да се изгради ресторан, од каде ќе се шири спектакуларна глетка на градот.