Скопје се наоѓа на 21степен и 26минути источна географска должина и 42степен северна географска ширина. Надморска височина во центарот на Градот изнесува 240 м.
 Се простира на 1818 км2 во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23км. (Драчево - Ѓорче Петров).

Градското подрачје зафаќа површина од 225км2.

 Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12.4 целзиусови степени.
.
Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова река, Лепенец и Кадина река.

Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.

 

 

 
         
       
 

Планините кои се простираат околу Скопје

     
       
         
  Скопје е оддалечено од Белград 440km, од Солун 250km, од Атина 490km, и од Софија 170km