| Административни единици : |
|
|||||||||
| Скопје е административен, политички и културен центар на Република Македонија. Градот е поделен на следниве админстративни единици: Центар ( со населбите: Водно, Дебар Мало, Буњаковец, Стар Базар, Битпазар, Капиштец ), Аеродром ( Лисиче ), Кисела Вода ( Црниче, Пржино, Припор, Драчево, Пинтија ), Бутел ( Радишани ), Чаир ( Топана, Топанско Поле, Север ), Ѓорче Петров ( Ново Село, Дексион ), Карпош ( Тавталиџе 1 и 2, Нерези, Влае 1 и 2, Тринодол, Жданец, Козле, Хром ) и Гази Баба ( Автокоманда, Железара, Методија Андонов - Ченто, Маџари ). | ||||||||||
|
||||||||||
| Индустија : | ||||||||||
| Во Скопје има електро-машинска, хемиска, текстилна индуструја, индуструја за преработка на железо, индустрија за теписи и др. Се тргува со памук, тутун, жито и др. освен автопатот Белград - Атина, Скопје го има и најголемиот аеродром во Македонија. Тоа е аеродромот “Петровец“ кој е 17km оддалечен од градот. Во Скопје може да се стигне со воз, кола или со авион. Од железничките линии, најзначајна е Солун - Гевгалија - Велес - Скопје. | ||||||||||
|
|
||||||||||
|
Аеродром “Петровец“ |
||||||||||
| Култура : | ||||||||||
| Скопје е културно - научен центар. Во градот научните институти: Македонската Академија на Науките и Уметностите ( МАНУ ), Универзитетот “Св Кирил и Методиј“, Македонската и Универзитетската Библиотека... Културата е претставена преку: Македонскиот Народен Театар ( МНТ) во кој се изведуваат драмски, оперски и балетски претстави, Драмскиот Театар, Театарот на Националностите ( албански и турски ), Македонската Филхармонија, Македонската Радио и Телевизија, Универзалната Сала. Во Скопје се наоѓаат и музите: Музејот на Македонија ( археолошки, етнички и историски ), Музејот на современата уметмост, Природно - историскиот музеј, како и многу уметнички галерии. Од културните манифестации во Скопје се одржуваат: “Скопскиот Џез Фестивал“, “Златна Бубамара“, “12 Величевствени“, “Таксират“, “Скопје гори“ и многу други. | ||||||||||