System Of A Down
БиографијаАлбумиСликиЛинковиDownloads

System Of A Down

биографија

SERJ TANKIAN, вокал

DARON MALAKIAN, гитарист

SHAVO ODADJIAN, басист

JOHN DOLMAYAN, тапанар

 

SERJ TANKIAN

 

Серџ е роден во Лебанон, ја поминал младоста пред неговите родители и помладиот брат Севаг да се преселат во Лос Анџелес. Таму, тој се запишал во ерменското училиште "Rose & Alex Pilibosl", и почнал да учи маркетинг. Потоа отворил софтвер компанија "Ultimate Solutions".

            Во почетокот на 90-тите Серџ го запознал Дарон и создале нов бенд наречен "Soil". Потоа бил преименуван во "System Of A Down". Серџ го сака Нов Зеланд и сакал да купи голем имот на кој ќе изгради студио, но неговата желба не била остварена, односно било отфрлено тоа негово барање, затоа што во 2005 властите на Нов Зеланд виделе дека од тоа немаат никаква национална корист.

            Освен System, Серџ има негова сопствена издавачка куќа - "Serjical Strike". Првиот акт од овој проект настрана од System, бил наречен "Serart" во кој учевствувале Серџ самиот и светски познатиот музичар Arto Tuncboyaciyan. Неговата прва збирка поезија "Cool Gardens" била рекламирана од MTV Books.

            Танкиан, како музичар, зборувал против насилството и неправдата во странство. На 13 септември, малку после нападите на 11 септември 2001, Серџ издал есеја , која ја имало и на веб сајтот на "System Of A Down", а била наречена "Understanding Oil". Веднаш издавачката куќа Сони ја отстранила од нивниот веб сајт, но многу ја прочитале, сеуште потресени од нападот.

            Подоцна станува партнер со Том Морело од Audioslave (претходно гитарист на групата Rage Against The Machines) за да ја создадат Axis of Justice, активистичка организација која има за цел да ги мотивира младите да се интересираат за политиката. Серџ, исто така е и вегетаријанец. Тој сега се обидува и работи за да ја натера Турција да се сети на Ерменскиот Геноцид од 1915.

 

DARON MALAKIAN

 

Дарон е роден во 1975 како цин единец на Вартан и Зепур Малакиан. Неговите родители со преселија во Холивуд од Ирак во 1975. Неговиот татко, Вартан, е сликар и кореограф, а неговата мајка била наставник за изработување скулптури на колеџ (во Ирак).

Како што вели самиот, тој отсекогаш сакал да биде тапанар, но неговите родители наместо тоа му купиле гитара наместо тоа, за да ја исклучат таа опција. Дарон одел во училиштето "Rose & Alex Pilibosl", во истото училиште во кое оделе и Шаво и Серџ, а потоа го посетувал средното училиште "Roosvelt" и потоа универзитетот "Glendale". Кога имал 16 години се придружил на својот прв бенд (името не е познато, затоа што веројатно тоа бил училишен бенд). Подоцна, во почетокот на 90-тите се запознаватт со Серџ и ја формираат групата "Soil", и напишаа неколку песни пред да ја преименуваат во "System Of A Down", според песната која Дарон ја напишал и ја нарекол "Victims Of A Down".

Малакиан сега живее во Глендејл, Калифорнија во свој сопствен дом и сака да собира свеќи, инструменти и черепи.  Дарон го имаат избрано како четврт најдобар гитарист на годината од страна на магазинот Metal Edge. Дарон во интервју има изјавено дека мрази повеќе од сè што сметаат дека неговиот музички правец е Nu-Metal.

Малакиан ги има копродуцирано албумите на System Of A Down заедно со Rick Rubin, исто како што и со The Ambulance и Bad Acid Trip (група на неговиот пријател кој ја има Serjical Strike Records).

Дарон прв пат фатил гитара на 12 години, како што вели во едно интервју, "За време на првата година и половина научив да свирам по слух и го правев тоа правилно. После неколку години добив репутација да бидам гитарист во средно училиште. И за време на 16 и 17 година сфатив дека е инструмент за кој се пишуват убави песни, и, над сè, се чувствував како добар композитор. Не се стремам да бидам Г-дин. Виртуоз на Гитара."

Познато е дека Дарон свири на својот ибанез баритон (нешто помеѓу гитара и бас инструмент) Iceman IC300, со одбрани цртежи направени од својот татко, Вартан Малакиан. Неговиот татко, исто така, има направено цртежи и на 1978 Iceman. Таа гитара била популарна во 1970-тите и 1980-титте и тој очекува пак да стане популарна.

Работи и на соло проекти од кои попознат проект кој планира да излезе до есента 2006 се вика "Scars On Broadway".

 

 

SHAVO ODADJIAN

 

Шаво е роден во Ерменија како Шаварш Одаџан, живеел таму во раните години пред неговата фамилија да се пресели во Италија, а потоа во Лос Анџелес, Калифорнија.

            Во неговата младост, Шаво го минувал целото негово време во скејтбординг и слушање punk rock и heavy metal музика. Како негови омилени групи тој ги наведува The Punk Angel, Dead Kennedys, KISS и Black Sabbath, кои имаат влијаено многу врз неговото понатамошно музичко оформување.

            Шаво во најголем дел бил одгледуван од неговата баба, после чија смрт тој ја губи верата и престанува да се моли секоја вечер како што правел пред тоа. Тој го посетувал средното училиште "Alex Pilibos" во Лос Анџелес, Ерменско малограѓанско училиште, во кое учеле и неговите идни другари од групата Дарон Малакиан и Серџ Танкиан, иако не биле запознаени заради разликата во годините.

            Посебно од работењето во банка (трансфер на информации преку кабли), тој исто така почнал да роководи со Soil, групата на Малакиан и танкиан во 1993 после запознавањето во студио за снимање, каде што тој снимаше со неговата сопствена група. Во 1995, Шаво стана трајниот басист на групата, која оттогаш самите почнале да ја викаат System Of A Down.

            Пред Одаџан и неговите пријатели од средно да ја формираат System, басистот на групата се појави на MTV како екстра во спотот на AC/DC за "Big Gun" од албумот од 1993 "Last Action Hero". Одаџан бил само 18-годишен. "You see me full-on," - изјавил Одаџан. "It just happened where Arnold Schwarzenegger came next to me. ... It was bad lighting, because they had more light on me than they did Arnold. And I'm watching it going, 'Whoa, dude — I'm on TV!' It was really strange."

            Како додаток Одаџан е популарен DJ во областа на Лос Анџелес, кој завзема дел во случувањата како што се "Rock/DJ Explosion" на 2 март 2001 во The Roxy во Холивуд.

            Ги има режирано спотовите за System Of A Down (Aerials, Toxicity, Question! и Hypnotize), и Taproot, создавајќи надреалистички атмосфери, користејќи иновативни методи од филмовите.

            Шаво кратко се има појавено во 2001 во филмот "Zoolander", како еден од пријателите на Hansel.

 

JOHN DOLMAYAN

 

Џон Долмајан е роден во Лебанон во ерменско семејство. Една ноќ, кога тој имал само пет години, се исплашил и отишол да спие во собата на неговите родители. После кратко време еден куршум влетал низ прозорецот од неговата соба и го погодил неговиот кревет, каде што тој би спиел (тогаш во Ерменија имало граѓанска војна). Потоа се преселиле во Торонто, Канада, па во Лос Анџелес.

            Неговиот уникатен и оригинален стил на тропање на тапани има извршено влијание на генерацијата тапанари што се појавува. Повеќе критичари го имаат наречено неговиот стил „шизофренички“, и ова има привлечено забележителен дел од обожавателите на SOAD, и генерално е изјавено дека неговиот талент е голем дел од апелацијата на SOAD.

            Изразите на лицето на Џон се славни затоа што се константно претчувствителни и со излед на лутина, кои заедно со неговата смисла за облекување, го прават да изгеда како член на руска мафија. Тој е познат по неговото таканаречено „hi-hat to snare combo, кое може да се слушне во песните како Deer Dance, I-E-A-I-A-I-O и Question!.

           

 

Почетна страна