Вовед

Македонија, бивша југословенска република се наоѓа на Балканскиот полуостров. До ноември 1991 година припаѓаше под југославија. Примена е во Обединети нации 1993, но под името ФИРОМ. Скопје е главен и најголем град

Копно и ресурси

Македонија зафаќа површина од 25 713 квадратни километри (9 928 милји).На север се граничи со Србија, на исток со Бугарија, на југ со Грција и на запад со Албанија. Таа е континентална земја. Релјефот е претежно планински. Доста планини се издигнуваат во височина од 2100 до 2700 метри. Бабуна се наоѓа во централниот дел. Најголем е Шарскиот предел во должина од 250 км, а има и стари планини, остатоци од Родопите во источниот дел.
Трите најголеми езера се Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.Охридското и Преспанското Езеро се наоѓаат во југозападниот дел, а Дојранското во југоисточниот дел.
Најдолгата река е Вардар(Аксиос) која се влева во Егејското Море. Македонија има три речни сливови
:Црноморски,Јадрански и Егејски речен слив. Ниедна од реките не е пловна поради нивното сушење во текот на летото. Хидроелектричниот систем Маврово дава енергија за Македонија и за Грција.Климата во јужниот дел е под влијание на Егејското море и се одликува со долги и суви лета и кратки и умерени зими. Планинскиот предел се одликува со кратки и свежи лета и долги и суви зими со забележителен пад на снег. Скопје прима големо количество врнежи(700мм). Средната јануарска температура во Скопје е -1С∙, а средната Јулска Изнесува 23С.
-Шумите на бука и даб се главно лоцирани во западниот дел, покривајќи 36% од вкупната површина на Македонија. Од рудното богатство, Македонија е богата со руди на цинк,манган,никел,хром,железо, а има и доста минерали.
Македонија се наоѓа на голема сеизмичка активност. Скопје страдаше од катастрофален земјотрес 1963 година.
Во последно време Македонија има доста проблеми со воздушното и водното загадување, особено околу Скопје,и со исчезнувањето на шумите.