|
ПОВАЖНИ ГЕОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ ЗА РМ
Име: Македонија Државно уредување: Парламентарна демократија Површина: 25 713 km2 Жители: 2.100.000 Јазик: Македонски (припаѓа на јужнословенската група на јазици), кирилско писмо (азбуката е фонетска - 31 буква) Националности: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и др. Вероисповед: Православни христијани (Македонците), муслима-ни (Албанците) Главен град: Скопје (600.000 жители) Местоположба: Македонија го зафаќа централниот дел на Балкански Полуостров. Се протега помеѓу 40о 50’ и 42о 20’ северна географска ширина и 20о 27’ и 23о 05’ источна географска должина. Има поволна географска положба. Соседни земји и граници: Србија и Црна Гора - север (231 km), Бугарија - исток (165 km), Грција - југ (262 km) и Албанија - запад (191 km) Релјеф на РМ: 75% планински, 15% низини, котлини, речни долини и др. Највисока точка - 2764 m на врвот Голем Кораб, а најниска - 44 m во близина на Гевгелија. Клима во РМ: изменето - средоземноморска, умерено - континент - ална и планинска клима. Реки и речни сливови: Во РМ реките им припаѓаат на три речни слива: Егејски, Јадрански и Црноморски слив. Најголеми реки се: Вардар (301 km во РМ, а до влевањето во Грција има 388 km), Брегалница (225 km) и Црна Река (207 km). Езера во РМ: Во РМ се среќаваат природни и вештачки езера. Меѓу нив најголеми се трите природни езера (Охридско, Преспанско и Дојранско) и вештачките: Тиквешко Езеро, Мавровско Езеро, Глобочица, Калиманци и др. Растителен свет: шуми и треви. Животински свет: зајак, лисица, дива свиња, дива коза, срна, волк, елен, рис и мечка. Стопанство: примарни, секундарни и терцијарни стопански гранки. Земјоделство и гранки: полјоделство, сточарство, овоштарство, лозарство, шумарство, лов и риболов. Хидроенергија: 15 македонски хидроцентрали, од 6 милијарди KWh се искористуваат само 1,3 милијарди KWh. Енергетски извори, руди: јаглен, дрво, железна, олово - цинкова, бакарна руда, цементни лапорци, кварцен песок, гипс, глина и мермер. Индустрија: Во РМ индустријата се дели на тешка (металургија, металопреработувачка, машинска, хемиска и електроиндустрија) и лесна. Сообраќај во РМ: патен, железнички, воздушен, воден и ПТТ сообраќај. Туризам и угостителство: Туристичко - угостителски места во РМ се: езерските (Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро), бањските (Катлановска Бања, Банско, Косоврасти, Кежовица и др.), планинските туристички места (Шар Планина, Бистра, Баба и Малешевските Планини) и нашите градови: Скопје, Охрид, Струга, Крушево, Кратово, Велес и други, кои привлекуваат туристи поради своите културно - историски споменици, културни манифестации, музеи и други посебни карактеристики. |
|
|
|
План на град Скопје |